Левица(та) мора да расчисти со национализмот и врховизмот во своите редови
Ова е нова шанса за рефлексија на политичкото здружување на силите кои ја создадоа партијата Левица. Шансата се роди со отцепувањето на групата „врховисти“ и сталинисти, кои – со своите брутални дејства и фалсификати – ги срушија мостовите за каква било соработка. Покрај правната битка, МО „Црвени“ се детерминирани да ја водат политичката битка за поразување на националистичките сили кои го загадуваат просторот на левицата, но и генерално во општеството […]
