Израел: Парламентарни избори 2009 по масакрот во Газа

По унилатералното и ненадејно повлекување на израелската војска од Појасот Газа, по некаква „случајност“ токму два дена пред инаугурацијата на претседателот на САД Барак Обама, земјата беше опсипана од пропаганда околу крвопролевањето, креирана директно од владејачката класа на Израел. Масакрот во Газа беше опишуван од страна на медиумите и политичарите како „величествена победа“. Величествена победа како да не! Една од најсилните и најдобро опремени војски на светот „величествено“ ги порази […]