Почеток на НОБ во Југославија
Со капитулацијата на 22 април 1941 година после Априлската војна, територијата на Кралството Југославија била поделена на окупациски зони на Германија, Италија, Унгарија и Бугарија. Но, помеѓу населението масовно постоело антифашистичко расположение, благодарение на дејноста на Комунистичката партија на Југославија, факт што бил јасно видлив бидејќи отпорот бил веднаш организиран околу КПЈ. Додека траела Априлската војна, КПЈ започнала со подготовка на отпорот, што се гледа од формирањето на Воен комитет […]
