ГЛАС НА НАРОДОТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Во просториите на Општина Кавадарци на 6 август о.г. имаше обид за јавна презентација за намера за изградба на фабрика – регионален центар за ‘еколошка’ преработка на 12 000 тони/годишно на гуми. Како инвеститор на фабриката се јавува “Ековатив оил” дооел Скопје. Јавната презентација беше прекината од страна на инвеститорот поради бурните реакции на присутните граѓани. Беше покажано противење за отворање на каква и да e фабрика од категорија Г1-тешка загадувачка […]
