Милиони гледаат како светот е во апсолутен хаос и ни е потребна револуција. Единствената сила способна да го промени општеството е организираната и мобилизирана работничка класа.
Но за револуцијата да биде успешна потребна ни е силна револуционерна комунистичка организација.
Ако сакате да се борите за револуција, приклучете им се на комунистите и помогнете ни да го изградиме Револуционерниот комунистички сојуз во земјите на Југославија.
Нема што банкарите, шефовите, политичарите не се подготвени да направат за да ги заштитат своите профити. Подготвени се да ја жртвуваат околината, среќата и животите на работничката класа.
Сите сме бесни на системот. На капитализмот. Тој не може да се поправи. Целиот систем е поставен за да биде против нас кои сме мнозинство.
Ние сме мнозинство. Ние сме работници и студенти кои би требало да имаат контрола над средствата за производство и целото општество. Да се бориме за вистинска демократија. За работничка демократија.
Оние кои се богати и моќни никогаш нема да ги прифатат овие основни факти. Дека светот треба да припаѓа на работното мнозинство, а не на неколку привилегирани. Поради тоа мораме систематски да го промениме општеството во кое живееме.
Придружете се на Револуционерниот комунистички сојуз!
Нашата инспирација е Октомвриската револуција. Таа е еден од ретките примери од историјата кога угнетените ја презеле власта.
Масовна партија на работничката класа во земјите на поранешна Југославија практично не постои, а и тоа малку што постои од “левицата” не е заинтересирана за револуција.
Ако си комунист/ка, ова е твојата организација!
Ако си борец или боркиња против моќниците, за правата на твоите колеги од работа или колеги од факултет, ова е твојата организација!
Ако те прави бесна силната неправда во светот. Ова е твојата организација!
За револуцијата треба да се организираме.
Да се жалиме не е доволно, а цинизмот е исто така штетен – време е да направиме нешто! Време е да се вклучиме во РКС.
Има десетици илјади како нас кои знаеме и размислуваме исто, твојата задача е да ги најдеш и да ги организираш.
Ќе ги организираме сите кои сакаат да се борат на работното место, во кампусот или во училиштето.
Ќе учиме марксистичка теорија за да може да им се спротивставиме на сите кои го бранат капитализмот.
Комунизмот не е само идентитет или добра идеја. Комунистите го посветуваат својот живот на совладување на марксистичките концепти и идеи, интервенција во класната борба и борбата за револуција.
Ние со гордост стоиме на традицијата на марксизмот и го продолжуваме делото на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки.
Марксизмот е научен социјализам. Начин на разбирање на светот со цел да се промени. Започнуваме со анализата на она што се случува во капитализмот и силите кои го втурнуваат во криза.
Маркс и Енгелс ја основале Првата интернационала, која имала за задача да ги предводи револуциите низ светот. Подоцна Ленин продолжил по истиот пат. Ние сме денес наследниците на Ленин и продолжуваме таму каде што тој застанал и повторно ќе го изградиме она што беше изгубено поради сталинизмот.
Изградбата на револуционерна организација во земјите на Југославија, но и низ целиот свет е горливо прашање. Не во далечната иднина, туку токму денес! Решени сме да ја оствариме нашата историска задача. Па, токму затоа си потребен/а ти!
Низ целиот свет. Од Вардар до Триглав, но и од Венецуела до Нигерија, а и до Шведска имаме другари и другарки кои го прават истото што и ние го правиме во земјите на Југославија.
