На Србија, како и на сите околни земји, во суштина ѝ е потребна партија базирана на работничката класа, чија доверба е стекната со доследна борбеност и залагање за нејзините интереси. Тоа е позицијата од која комунистите тргнуваат и за што се залагаат. Но, далеку од тоа дека со тој заклучок се исцрпуваат сите прашања што се однесуваат на изборите, партијата и политиката, кога таква револуционерна работничка партија уште не постои. Пред сè, главниот темел на дејствување на комунистите е залагањето за онаа политика која ќе ја подигне свеста и положбата на работничката класа, и со тоа да ја зајакне. Како што пишува во Манифестот на комунистичката партија „Со еден збор, комунистите секаде го помагаат секое револуционерно движење против постоечкото општествена и политичка состојба.”
Разбивање на машинеријата
Вучиќевиот режим успеа да го стабилизира српскиот капитализам со тоа што успешно доведуваше странски инвестиции во Србија. Дојде на власт по „жолтите крадци”, кои ја десеткуваа работничката класа и чија што кариера на власт заврши со светската економска криза во нивниот последен мандат, по што европеизираните радикали го пополнија политичкиот вакуум. Но, цената на тоа беше евтина препродажба на српските работници, огромни субвенции за странските инвеститори од државните пари добиени со штедење во образованието, здравството, културата и инфраструктурата, контрола на работните места при државниот апарат, редовна изборна кражба, како и врски со организираниот криминал.
Владеењето на Српската напредна партија од почетокот изразуваше нелагодност кај многу, заради мрачното минато на Српската радикална партија, на која лидерите на новоформираната политичка опција повеќе од деценија ѝ припаѓаа, а кон која скоро и се придружија довчерашните „жолти крадци”. Првата работа која новата влада, заедно со Социјалистичката партија на Србија ја направи, е тоа што го изгласа Законот за амнестија, каде што ги намали затворските казни на бројни затвореници. Тој настан беше почетокот на врските на криминалот и новата власт кои во почетокот беа скриени, а со годините сè појасно се исползија, а чие што крунисување беше означено во минатогодишната револуција, со формирањето на „Ќациленд“ и неброените напади на студенти и демонстранти од страна на криминалните слуги на режимот, од кои меѓу најопасните беа нападот на студентка на која ѝ беше скршена вилицата, како и нападите со автомобили на студентки кои можеа да бидат кобни, а кои Вучиќ ги потхрануваше со провокативна, дехуманизирачка реторика, заедно со остатокот од својата камарила, а значителен дел од нив напаѓачите ги помилува.

Во сојуз со овој криминален слој, се проби и слојот лобисти кој беше поврзан со претежно западните центри на моќ. Луѓе како Ана Брнабиќ, Синиша Мали, Зорана Михајловиќ, можеа да се држат подалеку од насилничките елементи од својата партија и тие беа лицата за поттикнување на бизнисот, се разбира на чело со Александар Вучиќ. Наместо отворено грдо лице на организираниот криминал, овие насмеани угледни луѓе, беа тие што апелираа на крупниот капитал од Западот да се оплодува во Србија, по евтина цена, додека исто така го спроведуваа неговото несметано ширење, така што на насилничкото крило му го препуштија делот на притискање на општеството да ги трпи сите последици кои колонизацијата ги носи со себе.
Оваа клика сега има многу безимени убави лица, но тие не се ништо помалку зли и одговорни од оние другите, криминалните. Тие се и полоши. Тоа се луѓе на чело на корупцијата која доведе до смрт на 16 луѓе. Горан Весиќ, пред падот на настрешницата, заговараше намалување на законските регулации за инвеститорската градба, за да биде секторот попривлечен за инвестиции. Истата екипа, сакаше да го доведе Рио Тинто, да ја уништи природата на долината на Јадар против волјата на мнозинството народ, а потоа насилничкото крило на СНС дури и физички ги напаѓаше оние кои се организираат против тоа. Покрај тоа, режимот никогаш не престана да скока од афера во афера, од Савамала, преку Јовањица, па сè do падот на хеликоптерот и аферата Милиќ, но и бројни други.
Растот во економијата, врските со Европската унија, држењето на општеството под цврста контрола, преживувањето на значителен број масовни движења, ја правеа Српската напредна партија сè поарогантна, и заради тоа сè покорумпирана. Додека во почетокот мафијашки „крадеше, но и му даваше на народот”, со нејзините успеси и чувството на недопирливост, апетитите на овој олош сè потешко беше да се задоволат. Тој апетит на крајот имаше кобни последици. Тоа не само што го гледаме со падот на настрешницата, него и со сите средства кои режимот ги користеше за да се одржи на власт.
Сите овие работи во врска со режимот можат да не ги видат само оние кои не сакаат да ги видат, односно најназадните елементи во општеството на кои оваа мафијашка состојба им одговара. Опстанокот на машинеријата на СНС на власт далеку е поопасен отколку било што да се случи со нивниот пад, зашто СНС во никој поглед не покажа волја за било каква попустливост. Баш напротив. Она на што сведочевме минатата година не беше ништо помалку од граѓанска војна без огнено оружје на власта против сопствениот народ. Партијата која демонстрантите ги нарекуваше терористи откако ги повредуваше, сега формира коалиција под името „Обединета Србија“, а слоганот ѝ е „Србија победува”, каде што ја поистоветува својата партија со целата Србија.
Продолжувањето на нивното владеење само би ја продлабочило нивната ароганција, до уште поголеми и покобни последици по сите нас. Да го земеме само ова во предвид, гласањето за Студентската листа е најдобриот избор за глас против режимот, дури и да се гласачите несигурни каде би водело нејзиното владеење. Разбивањето на машинеријата на Српската напредна партија е првата задача на сите кои сакаат да видат можност за подобро општество и заради тоа е во интерес на работничката класа. Ова е битката која ни се наметнува, а останатите ќе ги продолжиме кога ќе дојдат.

Ресет на политичката сцена
Иако примарната цел е да се разбие машинеријата на СНС, исклучително важно е и на досегашните политички актери да им се покаже колку не се добредојдени. Скоро 10 години Српската напредна партија предизвикува масовни протести заради притисокот кој го прави врз општеството, а ниту една од т.н. опозициски партии не успеа тие движења да ги пренасочи кон нејзиниот пад, туку напротив, секогаш ги враќаше во безбедносни канали, подалеку од вистинските проблеми кои го мачат мнозинството. Дури и за време на ова движење тие беа толку неспособни што за малку ќе го изгаснеа движењето веднаш на почетокот и дури кога студентите го презедоа раководството над него, сите со задоволство го дочекаа дистанцирањето на студентите од опозицијата и во тоа ги видоа нивните чисти намери.
За време на целата должина на движењето оваа иста екипа ги молеше студентите за соработка во падот на Вучиќ и говореше како тие се незаобиколни во тој процес, и покрај целосниот недостаток на резултати на опозицијата во борбата против режимот. Неколку од овие партии одлучија и покрај „референдумската атмосфера” сепак да настапат на изборите, покажувајќи колку се отсечени од расположението на масите, и колку важно им е чувањето на нивните фотелји. Од друга страна, значителен дел од овие неспособни партии одлучија да ја поддржат Студентската листа, и да ги стават своите ресурси на нејзино располагање, не затоа што навистина им е грижа за поддршката, туку затоа што знаат дека постои огромен ризик да не го поминат цензусот и дека нивниот углед заради таков потег исклучително би се срозал. Овие лицемери, кои до вчера себеси се сметаа за незаменливи, денес се надеваат дека со оваа лажна поддршка некако ќе ги спасат своите неспособни партиички за некоја друга рунда избори и ќе кооптираат дел од Студентската листа долгорочно во своите редови.
Ни за едните, ни за другите не треба да имаме милост, а уште поголема победа би била доколку ни Социјалистичката партија на Србија не го помине цензусот, со оглед на нејзиното осипување, која за време на целото движење беше слуга на Српската напредна партија, и покрај тоа што СНС претходно го поткопа и го презеде нејзиното гласачко тело. Ресет на политичката сцена, ако ништо друго, би ја освежила исклучително застоената и засмрдена политичка сцена во Србија во која ги гледаме истите лица веќе 35 години, така што би биле казнети сите постоечки партии на естаблишментот.
Победа на изборите или победа на улица
Претходно изнесувавме ставови околу тоа зошто изборите беа погрешен потег, какви предизвици би направило формирањето на Студентската листа. Дека барањето за избори настанува заради заморот на движењето и дека Студентите во блокада ќе се откажат од својот политички авторитет во корист на „експерти” и со тоа ќе го затапат остриот раб на движењето. Дека 15. март беше пропуштена можност и дека изборите се теренот на Вучиќ со кои тој го развлече своето владеење за уште повеќе од година и пол. Дека кога се влегува во парламентот не постојат механизми за контрола на избраните, како и дека барањето за т.н. лустрација и чистка во државниот апарат, кое масите исклучително го сакаат и кое во ублажена форма дури е вклучено во програмските точки на Студентската листа, не може да биде спроведено без разбивање на буржоаскиот државен апарат како целина, зашто од неговите припадници се очекува да водат војна меѓу себе, наместо да се штитат едни со други од нас.
Тоа од друга страна не значи дека кога изборната борба ќе ни се наметне пред нас не можеме и понатаму критички да ја поддржиме онаа страна чија победа би претставувала победа на движењето над режимот, па макар таа победа имала свои проблеми потоа.
Не треба да се залажуваме – Студентската листа нема да биде работничка партија. Како што рековме, нејзините кандидати претежно се составени од среднокласни интелектуалци. Предноста на тоа е што тие луѓе дефинитивно уште не се на уздата на капиталистичката класа. Но, со оглед на тоа што пленумите, зборовите и другите иницијативи или се демобилизираа, или ги пренасочија своите сили кон изборната кампања, тенденциите на безусловна доверба која ѝ се дава на Студентската листа, како и недостатокот на контрола одоздола ќе става голем притисок врз Студентската листа од страна на капиталистичката класа да ѝ се покори.

Сепак, треба да се истакнат потезите кои се исправни. Студентите во блокада во Белград направија неколку објави под наслов „Што ќе направат студентите за тебе?”, во кои сите барања беа за работничката класа. Меѓу нив се менувањето на Законот за штрајк во корист на работниците, подобрувањето на јавното здравство, топлиот оброк во износ од 10 отсто од платата, регресот еднаков на минатомесечната заработка, минималната заработка која ги следи трошоците за живот, воведувањето вработување на неопределено по 12 месеци, како и подобрувањето на положбата посебно на просветните работници, чии услови за работа се исклучително лоши и кои изнесоа клучен штрајк на повик на студентите во текот на минатогодишната револуција. Но, треба да се забележи и недостатокот на нагласување на овие работи во 11-те програмски точки на Студентската листа.
Она што мора да го имаме на ум е дека победата на Студентската листа би отворила некои прашања кои не можеа да се видат додека Вучиќ и Српската напредна партија беа на власт. Многу е веројатно дека со победата на Студентската листа би почувствувале подобрување за некое време и на неколку фронтови, но ако „Петти октомври“ нè научи нешто, тоа е дека предизвиците нема да завршат со падот на режимот.
Веднаш на првиот изборен митинг, се апелираше на обвинителите и судиите да се пресметаат со криминалот, и тоа истите оние кои повеќе од деценија беа попустливи кон злосторствата на режимот. Кандидатката на Студентската листа, Сара Ел Сараг, во медиумите веднаш нагласи дека нема да има политички одмазди, како да се криминалот и политиката некако разделени, особено во случајот на СНС.
Со заминувањето на Вучиќ, ќе се покаже колку се всушност длабоки проблемите на српскиот и светскиот капитализам, кој е вистинската причина за оваа состојба во општеството. Ќе се покаже дека институциите на капитализмот можат да дадат отстапки, но долгорочно не можат да работат во корист на работниот народ, туку против него. Дека тие институции ќе направат илјада компромиси со криминалните бизнисмени кои програмата на Студентската листа ги таргетира. Дека империјалистичките земји ќе толерираат отстапки на работниот народ само привремено заради смирување на борбеното расположение. Дека ќе вложат максимални напори да ја кооптираат Студентската листа за своите потреби, наспроти потребите на работничката класа. Дека нашата сила е во штрајкот и на улица, а не во институциите. Дека пленумите и зборовите всушност се единствените институции кои навистина ни припаѓаат нам. Дека не може да постои капитализам со убаво лице, а поготово не во периферна земја на капитализмот, како што е Србија. Најнапредните слоеви ќе сфатат дека е потребно да се разбие целата машинерија на капитализмот за навистина да ни биде подобро, а не само да се разбие онаа на Српската напредна партија, и дека тоа може да се постигне единствено со социјалистичка револуција.
Многумина стравуваат дека Српската напредна партија ќе ги украде изборите, заради сите потези кои видовме дека ги влечеше досега. Тој страв не е неоснован, поготово што Вучиќ во својот говор за напуштање на претседателската позиција повторно најави насилство на изборниот ден, но треба да се забележи и неописливата слабост која режимот ја чувствува. Предизборната кампања на Вучиќ поминуваше неславно дури и на режимските медиуми, моралот во владејачката партија е на исклучително ниско ниво, а несогласувањата и тензиите во неа на високо ниво, и не треба да нè изненади ни дека режимот ќе падне како кула од карти и дека Студентската листа ќе го разбие режимот на изборите. Најголемата опасност можеше пред сè да дојде од самата Студентска листа, да покаже било каков знак на попустливост кон Вучиќ и естаблишментот во залетот до изборите. На неа треба да ѝ застанеме на пат ако се појави, а уште повеќе кога Студентската листа ќе дојде на власт и ќе се очекува да ги спроведе оние делови од програмата од кои има корист работничката класа.
Секако, би било наивно да се биде неподготвен на сценариото на кражба. Во случај изборите да бидат украдени, секој гласач мора да знае дека одбраната на неговата изборна волја тогаш се сели на улица. Петти октомври беше „мачкино кашлање“ наспроти количината на луѓе кои студентите ја мобилизираа на 15. март 2025. Ако на тој начин историјата мора да се повтори, масите во Србија на тој повик со задоволство ќе се одѕваат.

