На 14 февруари 2026 година во Битола се одржа балканска комунистичка школа на која учествуваа членови од македoнските ограноци на РКС, членови на грчката секција и бугарската група на РКИ, како и неколку гости-симпатизери од Македонија и Бугарија.

Темите за кои се зборуваше на школата беа главно насочени околу настани кои одекнаа ширум светот, но и горливи прашања од кои е засегната работничката класа на овие простори. Ген З револуциите во Југоисточна Азија покажаа колку всушност работничката класа е моќна и незапирлива кога ќе се придвижи, но од друга страна исто така јасно го покажаа проблемот на спонтано организирање без работничка партија која би ги предводела масите.
Реформизмот, иако полека и сигурно ја губи својата привлечност поради сите свои досегашни неуспеси, сѐ уште има одредено влијание врз работниците, како што може да се види од успехот на Мамдани во Њу Јорк, и релативниот успех на Левица во локалните избори во Скопје. На оваа тема зборуваа грчките другари кои со свои очи го проследија сега неславниот мандат на Сириза, поради нивното непосредно искуство. На крајот се дискутираше за комунистичкиот пристап кон националното прашање, тема која долго време цинично се користи за да ја раскарува работничката класа насекаде, особено на овие простори.

Главните излагања на овие теми беа проследени со одлични дискусии, при што скоро сите од присутните дадоа свој придонес, што јасно ја покажува подготвеноста на кадрите на РКИ на овие простори, но и нивната желба за понатамошно усовршување и надградба. На големо задоволство на сите присутни, настанот беше поздравен преку видео обраќања од Алан Вудс, водечки теоретичар на интернационалата и другарката Фиона Лали, водечка другарка од британската секција на РКИ.
Дискусиите продолжија и после главниот настан, а неколку пати беше изразена надеж дека овој настан ќе се продолжи да се одржува и во иднина и ќе стане редовно собирање на РКИ на Балканот. Сѐ на сѐ, ова е голем чекор напред во изградбата на силите на РКИ и нејзините кадри на овие простори.
Борбата е интернационална!
