Франција: Мобилизирани против Барние, Макрон и Ле Пен!
По седум недели одложувања и серија „консултации“, францускиот претседател Макрон вчера го објави назначувањето на Мишел Барние за премиер. Тој доаѓа од редовите на традиционалната централно-десничарска партија Ле Републикaн (Les Republicains), која беше четврта на парламентарните избори на коишто левичарската Нуво фрон популер или Нов народен фронт (НФП) освои најмногу места. Овој стар галистички политичар, докажан реакционер и деклариран поддржувач на „мораториум на имиграцијата“ ја доби очајната мисија да формира […]
