За самоопределување на народот на Косово и изградба на Балканска Социјалистичка Федерација
Политичкиот став за Косово внатре Србија и пошироко на просторот на бивша Југославија често се основа на митологија и предрасуди на српскиот национализам. Општествените судири помеѓу Србите и Албанците и политичките расправи околу меѓународниот правен статус на оваа територија се гледаат како продолжеток на повеќевековен религиско-етнички судир, додека Албанците се третираат како натрапници на „светата српска земја“. За разлика од метафизичките и неисториски пристапи, марксистите корените на денешното „Косовско прашање“ […]
