Еманципацијата на жените како дел од ослободувањето на човештвото од капитализмот
Присвојувањето и комерцијализацијата на Осми март од страна на владејачките класи и либералното јавно мнение го сведе овој ден на празен ритуал на честитање и купување на цвеќиња. Историјатот на Осми март е клучен за сфаќањето на неговото вистинско значење. Денешниот ден го одбележуваме во чест на движењето за политички и социјални права на работничките како Меѓународен ден на работните жени. Во 1910 година на Втората меѓународна конференција на жените […]
